РЕВИЈА НА ФУСТАНИ ОД КЕСИ И ХАРТИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ОД СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Учениците од средното училиште „Димитар Влахов“ од Скопје на плоштадот Македонија преку модна ревија ги претставија нивните креации, изработени од материјали кои се рециклираат.

Меѓу другото, тие изработија фустани од кеси, хартија и капачиња.

Ревијата се одржа во рамките на традиционалната „Матурска парада“, на којашто околу 1.000 матуранти точно на пладне играа квадрил на плоштадот Македонија.

На плоштадот Македонија матурантите традиционално играа квадрил за крај на средношколското образование (Фото: Ѓ. Личовски)