Од нијанси на храбри црвени бои, преку класичната бела, па сѐ до златна и розова, црвениот килим на синоќешните 90. Оскари во театарот „Долби“ помина во знакот на разновидност, гламур и на висока мода.
Критичарите оценуваат дека филмските ѕвезди годинава оделе на сигурна карта, кога се во прашање боите и стајлингот.
Белите и неутралните беа најраспространети во изгледите на Марго Роби, Џејн Фонда, Мери Џеј Блајџ и на Лора Дерн. Грета Гервиг носеше жолто, Џенифер Гарнер и Никол Кидман беа во кралска сина боја, додека во црвено се облекоа Алисон Џени и Мерил Стрип.
Севкупната мода, вели модната уредничка Кони Ванг, беше „многу, многу безбедна оваа година, што ме изненади”.
Според Андреа Лаевинтал, уредничка за стил и убавина во „Пипл“, светлите тоноови се безбедни избори, но тие секогаш изгледаат навистина убаво.