Ѕвездите на филмот и телевизијата ноќеска во Беверли Хилс се натпрeвaруваа за внимание и пофалби како на сцената, така и на црвениот килим. Ветераните на Златните глобуси, како Кејт Бланшет и Хелен Мирен, се задржаа до стилот кој ги прави икони, а критичарите ги фалат и новите ѕвезди, како Оквафина, Фиби Волер-Бриџ и Џои Кинг.
Шарлиз Терон и Кери Вашингтон најмногу ризикуваа со својот изглед за црвениот килим, додека Никол Кидман, Риз Витерспун, Џенифер Лопез и Скарлет Јохансон се само дел од имињата кои беа меѓу најдобро облечените.