МЕЛАНИЈА ТРАМП ПРИСТИГНА НА САМИТОТ НА НАТО ВО ПЕЛЕРИНА ОД 7.700 ДОЛАРИ

Лондон, (Дејли мејл)

Меланија Трамп повторно избра да носи елегантна пелерина на средба со британското кралско семејство во Бакингамската палата.

(Фото: Мега)

Првата дама на САД пристигна со својот сопруг Доналд Трамп на Лидерскиот самит на НАТО во Лондон, што почна со прием кај кралицата Елизабета Втора, а потоа тие се сретнаа и со принцот Чарлс и неговата сопруга Камила.

За оваа прилика, Меланија Трамп облече жолта пелерина на „Валентино“, која чини 7.700 долари, што ја искомбинира со виолетова блуза и со 12 сантиметри високи потпетици на „Кристијан Лубутен“ во иста боја.

Принцовите Вилијам и Хари не беа присутни поради други обврски.