Меланија Трамп заличи на Бел од класикот на Дизни „Убавицата и ѕверот“, кога пристигна на вечерниот прием кај британската премиерка Тереза Меј, при првата официјална посета на Велика Британија со својот сопруг Доналд.

Сите очи беа вперени кон елегантната прва дама на САД кога дојде во палатата Бленхајм, облечена во жолт фустан, што го носи потписот на францускиот дизајнер Ж Мандел. Станува збор за модел од неговата годинашна колекција пролет/лето, кој чини 6.990 долари.

Фустанот на Меланија е дело на францускиот дизајнер Ж Мандел (Фото: Ројтерс)

Оваа боја на фустанот била побарана од личниот стилист на Меланија Трамп, Ерв Пјер, за да ѝ се оддаде почит на кралицата Елизабета Втора, за која е познато дека жолтата е една од нејзините омилени бои.

Меланија и Доналд Трамп за денеска имаат закажана средба со кралицата во замокот Виндзор.

На пристигнувањето во Лондон, Меланија Трамп носеше креација од Ролан Муре вредна 1.365 долари (Фото: АП)