Традиционалниот настан Моден викенд Скопје по 28. пат ќе се одржува од 28 до 30 март во скопскиот трговски центар „Ист гејт“.
Програмата започнува во 17 часот на 28 март со две изложби, на Шпанската амбасада и на Друштвото на ликовни уметници. Истата вечер од 19 часот е ревијата на дизајнерката Радмила Георгиева.
Ревија на студентите на Европскиот универзитет во Скопје ќе се одржи на 29 март од 19 часот, по што следува ревија на дизајнерката Силвија Михајловска. На 30 март се ревиите на венчални фустани на Наташа Карцева, Анастасија Трајковска, Ана Весели и други.
Фото: Ѓ. Личовски