НОВА ПЕСНА НА ПОП-ПЕЈАЧОТ КОСТА ХАЏИКОЈЧЕВ, „ПРИПАЃАМ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачот и автор Коста Хаџикојчев ја промовираше новата песна „Припаѓам“ на англиски јазик (I Belong).

Хаџикојчев почна да пее на шоуто за таленти „Македонски идол“ пред 13 години, но според правилата, беше премлад за учество, па излезе од шоуто. Тој студирал на музичкиот колеџ Беркли во Бостон.

Новиот сингл е микс од аренби и поп и е првата песна од неговиот нов албум, кој треба да излезе наскоро. Тој е автор на музиката, текстот, аранжманот и на продукцијата, а копродуценти се Вил Рејнолдс од САД и Драги Иванов. Ѓорѓи Вацев ги направи продукцијата и мастерингот.