МОДНА РЕВИЈА ВО СТИЛОТ НА СВЕТСКИТЕ ФИЛМСКИ ХИТОВИ СЕ ОДРЖА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Модата и филмот“ беше насловот на традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“, која се одржа во киното Милениум во Скопје. Студентите со своите дизајни прикажаа мотиви од светски познати филмови и серии, како „Матрикс“, „Господар на прстените“ „Појадокот кај Тифани“, „Титаник“, „Пријатели“ и други.

Модел на Мирадије Селими, инспириран од филмот „Титаник“ (Фото: М. Маркоски)

„Моделите беа инспирирани од цртани филмови, акциони филмови и научна фантастика, со потсетување на култни филмски сцени. Беа прикажани 32 дизајни од студентите, како и четири на професорите Изет Цури, Доминик Брунет, Благој Мицевски и Никола Ефтимов“, велат од Институтот.

По ревијата, Калина Велковска пееше како лик од филмот „Мулен руж“, а Дана Сиљан имаше двеминутен настап со меч во стилот на филмот „Маската на Зоро“.

Моделот според филмот „Едвард Втори“ на професорот и моден дизајнер Никола Ефитмов (Фото: Фото: М. Маркоски)

Истите дизајни беа изложени во Кинотеката, во соработка со Универзитетот за филмски уметности „Еуропа Прима“.