Ревијата „Подем на гревот“ на дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски вечерва го отвори 16. скопски Моден викенд. На отворањето се претстави и најновата колекција на „Сигма накит“, колекцијата „Маршот на боговите“ на Викторија Арсовска и „Арт деко“ на „Ателје Коцарева“.

Утре е ревијата на студентите на дизајнерката Лидија Георгиева од Институтот за дизајн и инженеринг на текстил на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје.

По студентите, следни се ревиите на Сара Реџиќ и колекцијата „Боемска рапсодија“ , најновата колекција на „Марсин“ наречена „Инсајд аут“ на Марија Трајанова, за прв пат „Минна фешн“ и колекцијата „Лав д спарк“ , и за крај на вечерта „Драма Студио“ со колекцијата „Концепт 2020“.

Годинава Модниот викенд се вклучува во глобалната кампања #Stopthetraffik# и „#ГлобалБланкет“ покрената од британската огранизација „STOP THE TRAFFIC“, придружувана од Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција