Вообичаено откачениот црвен килим на доделувањето на Греми наградите синоќа беше посмирен во однос на изминатите години.
Имаше многу црни креации, како традиционални смокинзи и фустани, но и по некој невообичаен аутфит.
Главен моден додаток на годинашните Греми беше бела роза, или закачена на дел од облеката или во рацете, во знак на поддршка на движењето „Времето истече“ и жртвите на сексуално вознемирување.
Но, имаше и многу ѕвезди со шарени комбинации, како сер Елтон Џон, кој носеше светкаво палто од Гучи во сина, златна и сребрена боја и жолти очила за сонце.
Леди Гага, Бијонсе, Кеjти Холмс и Кели Кларксон беа меѓу оние кои избраа црна боја за црвениот килим, меѓу кои беше и Мајли Сајрус во црна креација на Жан Пол Готје. Таа се пресоблече во фустан од црвен тил од Зак Позен за настапот со Елтон Џон.
„Се чини дека ѕвездите навистина играле на сигурно и не сум сигурна зошто е тоа така”, вели Ерин Канингем, уредник на модни вести.
“Би било убаво да се видат повеќе моменти како оној со Џеј Ло во Версаче“, додаде таа.