„Мејд ин Маседониa: Почетоци и еволуција“ е насловена модната ревија која ќе се одржи вечерва од 19 часот во Музејот на Македонија.

Настанот го организираат Македонскиот велком центар „Добредојде“, амбасадата на Франција и Музејот.

„Првите македонски дизајнери ги претставуваат артизмот, формите, методите и безвременоста во својата работа од почетоците до денес. Овие пионери на македонската модна сцена денес се етаблирани имиња, кои со својот автентичен дизајнерски потпис се трајно вградени во нејзините темели“, велат организаторите.

На ревијата ќе се претстават Никола Ефтимов, Лидија Георгиева, Росица Мршиќ, Јана Манева-Чупоска, Силвија Михајловска, Ивана Кнез, Тања Кокев, Антонија Ристовска, Олгица Ѓорѓиева и Розе Трајчевска.