НАРАКВИЦИ СО 112 ДИЈАМАНТИ НА МАРИЈА АНТОАНЕТА НА АУКЦИЈА ЗА 2-4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Женева, (Ројтерс)

Нараквици со 112 дијаманти што ѝ припаѓале на француската кралица Марија Антоанета ќе се продаваат на аукција следната недела во Женева, соопшти „Кристис“. Во сина кадифена кутија се чуваат двете нараквици, секоја составена од три реда дијаманти и голема шнола.

Нараквиците, кои сега се сопственост на европско кралско семејство, се очекува да достигнат цена меѓу два и четири милиони долари на утрешната аукција.

„Накит со повеќе од 200 години француска кралска историја е нешто на што ќе внимаваат колекционерите и обожавателите на накит од цел свет. Колку некој е спремен да плати за нешто од последната француска кралица? Навистина нема ограничување за тоа и очекувам огномет во вторник“, вели Макс Фосет, шеф на одделот за накит во „Кристис“.