ГРАДОВИ СО НАЈСПЕКТАКУЛАРЕН ПРЕЧЕК НА НОВА ГОДИНА

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Нова година се одбележува со огномети и прослави низ целиот свет, но некои градови од тоа направија спектакл на ниво на традиција.

Ако сакате да имате незаборавен влез во нова година, ова се градовите кои прават најдобри журки.

СИДНЕЈ

Сиднеј е првиот голем град во светот каде што доаѓа нова година и тоа традиционално се одбележува со импресивен огномет на пристаништето, за што придонесуваат и Оперската куќа и мостот Харбор.

Ако сакате добар поглед, идеални се островите во пристаништето и парковите.

ХОНГ КОНГ

Драматичните облакодери во комбинација со огномет нудат поглед што не се заборава. Огнометот што го осветлува пристаништето Викторија е придружен од музика.

БАНГКОК

Како еден од градовите со најдобар ноќен живот во Азија, Бангкок е идеален избор за пречек на нова година, ако сакате бучава, веселби и многу народ околу себе.

Одговорот на Бангкок на Тајмс сквер е Сентрал ворлд плаза, која е едно од главните места за прослави.

ДУБАИ

Бурџ калифа, највисоката зграда на светот, добива уште повеќе на атрактивност во новогодишната ноќ, благодарение на неверојатното пиротехничко шоу.

За оние кои сакаат помирен и посемеен пречек, тука е Бурџ плаза.

МОСКВА

Црвениот плоштад е студено место за нова година, но овој огномет не сакате да го пропуштите.

Ако сакате да прославите во типично гламурозен руски стил, хотелот „Риц-Карлтон“ со својот бар на покривот е вистинско место за тоа.

КЕЈП ТАУН

Како град кој ја има една од најубавите местоположби на светот, огнометот за нова година го прави уште поспектакуларен.

Ако сакате убава храна, проверете ја португалската кујна во „Маресол“, а неизбежна е и посета на виноградите.

ЛОНДОН

Темза и Биг Бен се секогаш извонредна сценографија за новогодишниот огномет.

Билетите за официјалниот дел бргу се продаваат, но тој може да се гледа и од неколкуте ридови во околина. Не заборавајте и на лондонските пабови, од кои некои датираат од 17. век.

РИО ДЕ ЖАНЕИРО

Тука имате можност да ја пречекате новата година со неколку милиони луѓе на плажа. Главниот собир е на Копакабана, каде што, меѓу другите, концерт има и Бразилскиот симфониски оркестар, кој свири токму за време на огнометот.

ЊУЈОРК

Тајмс сквер. Тоа е сѐ што треба да знаете ако славите нова година во Њујорк.

Тој е синоним за нова година низ САД. И ако не сте биле таму во живо, големи се шансите дека сте виделе на телевизија како изгледа тоа.

А, ако не ви се турка меѓу еден милион луѓе, други опции се Бруклин, Бронкс, Квинс и Стејтн Ајленд.

ЛАС ВЕГАС

Вегас е осветлен преку цела година, а за нова година уште повеќе полудува.

Стрип е затворен за возила, за да се претвори во голем фестивал од пешаци. На полноќ, некои од казината од покривот лансираат сопствен импресивен огномет.

Ако огнометот не ви е доволен, тука е шоуто на Дејвид Коперфилд.