Тајмс сквер е една од најпосакуваните дестинации за пречек на нова година, но вечерва на полноќ таму нема да биде многу пријатно.

Градските власти ги предупредија сите што ќе дојдат да не пијат алкохол и добро да се облечат, бидејќи ова ќе биде една од најстудените новогодишни ноќи во последните 100 години.

Како што САД се најдоа на удар на поларна зима, Њујорк ќе влезе во 2018 година со температура од -11 Целзиусови степени, што за последен пат било забележано во 1962 година.

Најстудената нова година на Тајмс сквер била во 1917 година, кога биле измерени минус 17 степени.

„Стотици илјади луѓе ѝ пркосат на зимата секоја година заради ова уникатно доживување и оваа година нема да биде ништо поразлично“, вели Тим Томпкинс, организаторот на прославата на Тајмс сквер, каде што првите луѓе почнуваат да се собираат девет часа пред почетокот на познатата борба со снежни топки.