КОЛУМБИСКИ ОСТРОВ НУДИ АРАНЖМАН СО НЕОГРАНИЧЕНИ СЕКС, ДРОГА И АЛКОХОЛ

Лондон, (Дејли Мирор)

Аранжмани исполнети со секс, дрога и алкохол се појавија во понудата на една компанија, која за таа цел ги објави и првите рекламни спотови, кои добија ознака карактеристична за порно-филмови.  Секс-островот се наоѓа покрај брегот на Картахена, во северна Колумбија, и во спотовите се прикажани мажи како доаѓаат да уживаат во оргии и во дрога.

Во едно од еротските видеа, маж влегува во вила, каде што го чекаат четири девојки на кревет. Во друг спот, разголени девојки се забавуваат на јахта, на која што стои натпис „вклучен неограничен секс“. На вториот ден од четиридневниот секс-фестивал, клиентите поминуваат половина час со 16 жени одеднаш, по што следуваат два дена луди забави на луксузна јахта.

Компанијата „Добри девојки“ на својот сајт објаснува дека на своите клиенти „им овозможува да го живеат животот онака како што отсекогаш сакале и дека во оваа прекрасна околина можат да ги исполнат своите најдиви фантазии“.

За таа цел, компанијата има на располагање 60 проститутки.
„Овие 60 жешки жени опслужуваат 30 клиенти. За секој од нив, на располагање ќе бидат по две девојки 24 часа на ден. Во цената е вклучена и храната за сите денови“, се вели во понудата, која вклучува и играње голф, јавање коњи и масажа.