ЛЕТОТ 666 ЗА ХЕЛ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ ЛЕТНА НА ПЕТОК 13-ТИ

Копенхаген, (Телеграф)

Петок 13-ти е ден кога некои не сакаат да излезат од дома, а камоли да патуваат со авион.

Финската авиокомпанија „Финер“ нема проблем со суеверието, па на овој ден редовно лета од Копенхаген за Хелсинки, и тоа со летот број 666.

Оваа традиција од наредната година, сепак, ќе биде прекината.

„Финер“ објави дека летот за Хелсинки, што скратено се означува како ХЕЛ (пекол), од следната година ќе има нов број. Тој беше воведен на петок 13-ти во 2006 година и оттогаш секој пат среќно слетал.

Денеска, всушност, ќе биде последниот лет на нашиот АЈ666 за ХЕЛ. Почнувајќи од 29 октомври, броеви на некои летови од нашата понуда ќе бидат изменети, па летот Копенхаген-Хелсинки ќе стане АЈ954. Во последните 11 години, АЈ666 леташе 21 пат за ХЕЛ на петок 13-ти“, изјави портпаролот на „Финер“.