ОД 14 МАЈ ПОВТОРНО ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА ВО ГРЦИЈА, НО ЌЕ СЕ БАРА ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ИЛИ НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
The cars arrive at the border crossing "Evzoni" between Greece North Macedonia, near southern city of Gevgelija, Republic of North Macedonia on 01 July. According to EU decision, Greece reopens passing border with North Macedonia. Border crossing Evzoni is opened for EU citizens and 14 other countries, which are on a list approved by the EU authorities. All passengers arriving to Greece are required to fill a Passenger Locator Form (PLF) at least 48 hours before check-in. The form is part of the country’s planning for protection against the COVID-19 pandemic and will allow authorities to create barcodes for travelers so that testing of new arrivals can be targeted.

Македонските граѓани од 14 мај повторно ќе можат да патуваат во Грција, кога ќе се отворат граничните премини Богородица и Дојран.

Ова го објави министерот за здравство Венко Филипче на почетокот на помасовната имунизација против ковид-19, откако викендов пристигнаа 24.000 дози од вакцината на „АстраЗенека“. Откако претходно добиените вакцини беа наменети главно за здравствените работници, имунизацијата сега е проширена и на лицата над 77 години.

При влез во Грција, македонските граѓани ќе мора да приложат потврда за вакцинирање или негативен ПЦР тест. Грчката граница е затворена за македонските граѓани уште од 16 март минатата година.

Грција на 14 мај ја отвора својата летна сезона и министерот за здравство Никос Теохарис претходно кажа дека ќе се признаваат и руските и кинеските вакцини, иако тие сѐ уште не се одобрени во Европската Унија.