СО ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИОНИ ТУРИСТИ, ИСТАНБУЛ Е НАЈПОСЕТЕНИОТ ГРАД ЗА 2023

Лондон, (Ен-Би-Си)

Минатата година, најпосетениот град во светот бил Истанбул, според податоците на компанијата за истражување на пазарот „Еуромонитор интернационал“. Во 2023, Истанбул примил дури 20,2 милиони посетители.
Ли Добсон, основачот на веб-страницата за туризам „Травел сити“, рече дека Истанбул е магнет за патниците и за туристите од целиот свет поради неговите богата култура, историја и географија, што го прават уникатен и фасцинантен.

„Сместен на два континента, Европа и Азија, Истанбул нуди неспоредлив спој на источните и западните традиции, видливи во неговите традиции, архитектура и секојдневен живот“, рече тој.

По Истанбул, на листата на најпосетени дестинации се наоѓаат Лондон, Дубаи и Анталија.