ПРВОТО ИЗДАНИЕ НА „ХАРИ ПОТЕР“ СЕ ПРОДАДЕ ЗА РЕКОРДНИ 471.000 ДОЛАРИ

Лос Анџелес, (Ројтерс)

Првото издание на книгата „Хари Потер“ се продаде за 471.000 долари во САД, за што аукционерите велат дека е рекордна цена за фиктивно дело од 20. век. Британското издание на „Хари Потер и Каменот на мудроста“ (Harry Potter and the Philosopher’s Stone) од 1997 година, во тврд повез и корица во боја, беше опишано како „магично и речиси недопрено“.

Книгата во САД излезе под името „Harry Potter and the Sorcerer’s Stone“.

Според аукциската куќа „Херитиџ“, само 500 копии од вакво издание биле отпечатени. Крајната цена беше шест пати поголема од првичната проценка од 70.000 долари.

На аукции во изминатите години, први изданија на „Хари Потер“ се продавале за суми меѓу 110.000 и 138.000 долари.