„ПТИЦА СО ГРАНАТА“ НА БАНКСИ СЕ ПРОДАДЕ ЗА 170.000 ЕВРА

Амстердам, (ДПА)

Уметничката слика од мистериозниот графити уметник Банкси „Птица со граната“ се продаде за 170.000 евра на аукција во Холандија. Според аукциската куќа „Хесинк“ од Зволе, делото создадено во 2002 година го купи холандски колекционер.

Делото насликано со спреј претходно беше дел од приватната колекција на Џејми Вуд, син на гитаристот на „Ролинг стоунс“, Рони Вуд.

Во октомври, „Покажи ми го Моне“ на Банкси се продаде на аукција за 9,8 милиони долари, а неговата слика на која се прикажани шимпанза како пратеници во британскиот парламент лани достигна рекордна цена од 9,9 милиони фунти.