РЕДОК РОЗЕВ ДИЈАМАНТ СЕ ПРОДАДЕ ЗА 58 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Хонгконг, (Си-Ен-Ен)

Редок розев дијамант се продаде на аукција во Хонгконг за 58 милиони долари, постигнувајќи повеќе од двојно поголема цена од очекуваното.

„Дијамантот од 11,15 карати наречен Розевата ѕвезда Вилијамсон е еден од најчистите, најрозеви дијаманти кои некогаш се нашле на аукција“, соопшти аукциската куќа „Сотбис“, додавајќи дека првично бил проценет на 21 милион долари.

Розевата ѕвезда Вилијамсон бил исечен од 32-каратен дијамант. ископан во рудникот Вилијамсон во Танзанија.

„Розевите дијаманти се едни од најретките варијанти, а овој камен особено се издвојува со своите чистота и јасност“, кажаа од „Сотбис“.

(Фото: АП)