РЕМБРАНТ БИЛ ПРВИОТ ИНСТАГРАМЏИЈА – СВЕТОТ СЛАВИ 350 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ХОЛАНДСКИОТ МАЈСТОР

Амстердам, (AT5)

Холандија и голем број земји низ светот годинава со специјални изложби ќе одбележат 350 години од раѓањето на мајсторот на барокот, Рембрант ван Рајн.

Одбележувањето ќе почне во „Рајксмузеум“ во Амстердам на 15 февруари, со изложба на 400 слики, цртежи и принтови од нивната колекција насловена „Сите Рембранти“, а ќе заврши на 11 октомври, со спојување на холандскиот уметник и на неговиот шпански современик Диего Веласкес.

„Понекогаш велам: Рембрант бил првиот инстаграмџија. Тој забележувал сѐ што ќе види: пријателите, сопругата, синот, како и природата низ Амстердам во 17. век. Се разбира, се сликал и самиот себеси, па направил голем број самослик дела“, вели директорот на „Рајксмузеум“, Тако Дибитс.