Аукциската куќа „Сотбис“ објави дека шише шкотско виски се продаде за рекордни 1,5 милиони фунти (1,9 милиони долари) на аукција во Лондон.
Претходниот рекорд за најскапо виски го држеше истиот производител, шкотската фирма „Макалан“, чиј производ лани се продаде за 1,2 милиона фунти.
Најскапото виски потекнува од буре од 1926 година, а било флаширано во 1986. Постојат само 40 примероци на овој вид виски и затоа „Сотбис“ го опиша како Свет грал. Шишето првично беше проценето на 450.000 фунти. Аукциската куќа не го објави името на купувачот.
На аукцијата беше продадено виски во вкупна вредност од 7,6 милиони фунти.