Швајцарски хотел и ресторан сместени во карпa бара нови менаџери, откако семејството кое го водеше изминативе 31 година поднесе оставка.
Никол и Бернард Кнехтл-Фриче се откажуваат од франшизата за хотелот „Ешер“ на швајцарските Алпи на крајот од туристичката сезона 2018, објави владата на кантонот Апенцел Инероден.
Локалните медиуми ја цитираа двојката дека не можат да продолжат со работа поради ограничувањата кои ги добиле за реновирањето на местото.
Хотелот се наоѓа на карпа на 1.450 метри надморска височина во североисточна Швајцарија.
„Нешнал џиографик“ го претстави хотелот во големата репортажа за 225 најубави места на светот.