СКУЛПТОРОТ НИКОЛА СМИЛКОВ ОСВОИ ГРАН ПРИ НА БИЕНАЛЕТО ВО БУДВА МЕЃУ 78 УМЕТНИЦИ ОД 20 ЗЕМЈИ

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Во конкуренција на 78 уметници од 20 земји, скулпторот Никола Смилков ја освои Гран при наградата на 5. Биенале во Будва.

„Ова, всушност, е признание од уметниците од цел свет кои учествуваа на Биеналето. Тие, но и посебното меѓународно жири, оцениле дека моето дело треба да ја добие Гран при наградата во една ваква силна конкуренција“, вели штипскиот скулптор.

Скулптурата на Смилков

Тој се претстави со вајарско дело на бронзена човечка фигура, која има релаксирачки став, со јасен поглед кон светот како место во кое треба да владее мир и да биде поле на културна соработка. Домаќините го поканиле догодина да одржи своја самостојна изложба во Будва.

Пред Биеналето во Будва, Смилков се претставил во Сплит со самостојна изложба, каде што неговите 15 скулптури во мермер и бронза предизвикале големо внимание.

Т. ЈОВАНОВСКИ