Црвените чевли на Џуди Гарланд од филмот „Волшебникот од Оз“, кои беа украдени од Музеј во Минесота пред речиси 20 години, се продадоа на аукција за 28 милиони долари.
Чифтот чевли, еден од четирите спасени што Гарланд ги носела во филмот од 1939 е највредниот филмски сувенир некогаш продаден на аукција, се вели во соопштението од Аукциската куќа за наследство.
„Едноставно нема споредба помеѓу чевлите со рубин-црвена боја на Џуди Гарланд и кое било друго парче холивудски сувенири“, рече потпретседателот Аукциската куќа, Џо Мадалена.
Со провизии за аукциската куќа, вкупната цена на чевлите е 32,5 милиони долари, скоро 11 пати повеќе од она што аукциската куќа вели дека била нивната проценка од 3 милиони долари пред аукцијата.
Во 2000 година еден чифт чевли од филмот се продадоа на аукција за 666.000 долари. Неколку години подоцна, Стивен Спилберг и Леонардо Дикаприо купија различен пар за 2 милиона долари и ги донираа на Музејот на филмска академија во Лос Анџелес.
(Фото: АП)