ВИКИНШКА ШАХОВСКА ФИГУРА КУПЕНА ЗА ПЕТ ФУНТИ МОЖЕ ДА СЕ ПРОДАДЕ ЗА ЕДЕН МИЛИОН

Лондон, (АП)

Шаховска фигура купена за само пет фунти во 1964 година беше идентификувана како загубен примерок на 900 години старата колекција наречена Луис Чесмен, еден од најзначајните артефакти од викиншката ера. Аукциската куќа „Сотбис“ објави дека се очекува таа да достигне цена меѓу 600.000 и еден милион фунти на аукција што ќе се одржи наредниот месец.

Луис Чесмен се детаљно направени експресивни шаховски фигури во форма на скандинавски воини, направени во 12. век од бивни на моржови. Колекција од 93 парчиња била пронајдена во 1831 година на шкотскиот остров Луис, по кој и го доби името. Таа денес се чува во Националниот музеј на Шкотска, но притоа недостигаа пет парчиња и ова е прво што е пронајдено.

Висока 8,8 сантиметри, фигурата ќе биде ставена на аукција на 2 јули. Таа досега се наоѓала во сопственост на семејството на дилер на антиквитети од Единбург, кое било несвесно за нејзиното значење.