300 ДРВЈА ПОСАДЕНИ СРЕДЕ СТАДИОН ВО АВСТРИЈА КАКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Виена, (ДПА)

Инсталација со шума наместо фудбалски натпревар беше поставена на стадионот во австрискиот град Клагенфурт, како уметнички проект чија цел е да предупреди на опасностите од уништувањата на природата.

Иако инсталацијата била планирана шест години, швајцарскиот иницијатор и куратор Клаус Литман вели дека неговиот проект „За шумата“ се совпадна со актуелната глобална дебата за климатските промени.

Литман се инспириал од слика на австрискиот уметник Макс Пинтер, каде е прикажан стадион на кој гледачите гледаат шума наместо натпревар.
„Оваа неверојатна идеја треба да стане реалност“, била првата идеја на Литман. Со помош на италијанскиот архитект Енѕо Енеа, Литман поставил 300 дрвја од повеќе видови,  некои се стари 50 години и се по 15 метри високи.

Стадионот со 30.000 седишта ќе биде отворен за јавноста до 27 октомври, но гледачите може да ја гледаат шумата само од трибините. Во меѓувреме, локалниот фудбалски клуб ќе тренира на помал стадион.
Откако ќе заврши проекот, дрвјата ќе бидат посадени во близина на стадионот.