Новата книга „Трибун, Хронистерик, Номад“ од писателот Александар Прокопиев ќе биде промовирана на 24 јануари во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во Сити мол. Книгата ќе ја промовира Оливера Ќорвезироска.
„Трибун, Хронистерик, Номад“ е опишана како есеистичка книга на самиот раб меѓу критичкиот и прозниот дискурс и содржи десетина текстови со сроден тоналитет.