АЛЕКСАНДАР СТОЈКОСКИ НАЈБРЗО СОВЛАДА 67 КИЛОМЕТРИ НА ДЕВЕТТАТА ТРКА КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС

Прилеп, (СМАРТ СДК.МК)

Двесте и 40 учесници од 20 држави настапија на деветтото издание на трката Крали Марко треилс и прилепчанецот Александар Стојкоски беше победник на најдолгата делница од 67 километри.

Во конкуренција на 42 тркачи, тој ја помина тешката и напорна патека во топли услови за време од осум часа, 18 минути и 27 секунди, што претставува нов рекорд. Зад него финишираа Американецот Дарин Марквард и Антонио Каранфилоски. Во женска конкуренција триумфираше Сања Најдовски, која стигна на целта за нешто повеќе од 11 часови.

(Фото: Кирил Михаилов)

Учесниците имаа можност да трчаат и на пократките делници од 34 километри (победи Дејан Ангелов за 4:03:24 часа) и 16 километри (Игор Стојановски – 1:31:03), а на детската трка Маркукуле треил од 1,5 километри учествуваа 60-ина деца на возраст до 12 години.

Крали Марко треилс почна во 2011 со трка на 16 километри, а веќе наредната година се прошири на ултрадистанца од 60 километри.