АНА ЈОВКОВСКА ВЕЧЕРВА ЈА ПРОМОВИРА НОВАТА КНИГА „ЕХО НА СЛОБОДАТА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Новинарката и активистка Ана Јовковска вечерва во 20 часот во Клуб-ресторанот на МКЦ ќе ја промовира својата втора книга „Ехо на слободата“, во издание на „Три“.

Книгата ќе ја промовираат професорите Владимир Мартиновски и Ана Мартиноска, а Бранко Николов од групата „Фолтин“ ќе има музички перформанс.

„Умееш ли да сонуваш за подобар свет? Умееш ли да леташ високо над прозаичното и медиокритетско секојдневие? Умееш ли да веруваш во луѓето? Умееш ли да го отвориш умот за да ги видиш нивните добри страни? Умееш ли да бидеш активен слушател за да го чуеш ехото на слободата? Слободата е желба. Слободата е можам. Слободата е љубов“, вели Јовковска, која во новата книга пишува на теми од антропологија, филозофија, психологија и политика.

Нејзината прва книга „Пулсот и времето“ беше објавена во 2015 година, во издание на „Силсонс“.