ЕЛЕКТРО-АКУСТИЧЕН КОНЦЕРТ НА ЏИЈАН ЕМИН СО ФИЛХАРМОНИЈА И ЏЕЗ-МУЗИЧАРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскиот композитор, аранжер и инструменталист Џијан Емин вечерва (20 часот) ќе одржи електро-акустичен концерт, заедно со Македонската филхармонијата и со Здружението на џез-уметници на Македонија.

Ќе биде изведена нова, авторска музика на Емин, што ќе ја изведат околу 40 музичари, членови на Филхармонијата, додека еден дел ќе биде составен од најактивните џез-музичари во Македонија.

Насловот на концертот на некој начин го објаснува и самиот негов концепт, вели Емин.

„Секако, за терминот електронски да биде оправдан, ќе се користат благодетите на модерната технологија, но овојпат, на неконвенционален начин, со директно аплицирање на оркестарските подгрупи и солистите, со чиј процес ќе добиеме нови звучни слики и текстури“, вели Емин.