Утре (14 јуни) од 20 часот, во кафулето „Ли“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „Бајачките обреди како дел од македонската народна култура“ од Ана-Марија Бранѓолица, во издание на „Фуснота“. Книгата ќе ја промовира Душко Крстевски.
Издавачот вели дека предмет на истражување во научниот труд на Бранѓолица е феноменот на баење како интегрален дел од македонската народна култура, а опсервацијата на баењето како магиски обред вклучува детално истражување на обредните постапки и реквизити.
„Една од клучните цели на истражувањато на Бранѓолица е да покаже дека баењето претставува централна сила во исцелувачката улога, каде што тоа има своја логика и своја поетика“, вели Крстевски.