Властите во јужна Англија прогласија „голем инцидент“ откако огромен број луѓе вчера нагрнаа на плажите во Борнмут и Сендбенкс на најтоплиот ден оваа година. Областа беше „нападната“ од автомобили и капачи, а полицијата изрекла рекордни 558 казни за погрешно паркирање.
По објавените фотографии од плажите, британската влада издаде предупредување да се почитува социјална дистанца.
„Сакаме луѓето да уживаат надвор и на местата како плажи, но исто така не сакаме повторно да гледаме како расте бројот на заразени со коронавирусот. Затоа ги замолуваме луѓето да ги почитуваат препораките за социјално дистанцирање“, изјави портпаролот на владата.
Министерот за здравство Мет Хенкок најави дека плажите би можеле да бидат затворени ако дојде до ново ширење на коронавирусот.