„АРС ЛАМИНА“ ПОДАРИ КНИГИ И БОЕНКИ ЗА ДЕЦАТА НА КЛИНИКИТЕ ВО СКОПЈЕ И БИТОЛА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Малите пациенти згрижени во Детската клиника Скопје и во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола добија новогодишни едукативни пакетчиња од издавачката куќа „Арс Ламина-публикации“.

Станува збор за трајни, едукативни и интерактивни пакетчиња со боенки, книги со активности, сликовници, судоку решавалки, детски книги, тефтери и календари. Тие се наменети за децата-посетители на Дневниот центар „Собата на Жозеф“ во Детската клиника, која е опремена по иницијатива на Здружението за борба против рак, „БОРКА – За секој нов ден“, како и за децата згрижени во Клиничката болница во Битола.

„Нашата мисија е книгите да бидат достапни за сите деца, со надеж дека барем за миг ќе им го направат поиздржлив периодот на лекување и ќе им ги оттргнат мислите од секојдневието“, вели издавачот.