БИТОЛА НОВОГОДИШНО НАКИТЕНА ОД СТАРАТА ЧАРШИЈА ДО ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Годинава, новогодишното китење на Битола започна од Старата чаршија, пa продолжи на плоштадот Магнолија, Саат кулата, Широк Сокак до Офицерскиот дом, каде што е постaвена елка висока над осум метри. 

Украсувањето почна од Старата чаршија (Фото: Ж. Здравковска)

Новогодишната забавно-културна програма „Зимска приказна“ кај Офицерскиот дом ќе има за цел да ја раздвижи Старата битолска чаршија.

Широк сокак во Битола (Фото: Ж. Здравковска)

Програмата ќе понуди содржини за сите генерации, кои се очекува да привлечат и поголем број посетители во градот. Општината објави јавен повик за учество во програмскиот дел на „Зимска приказна“, која ќе се одржува на две локации во деновите пред Нова година.

Ж. ЗДРАВКОВСКА