ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ „ЖИВОТ БЕЗ СВЕДОЦИ“ ОД НАТАША САРЏОСКА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В четврток (14 декември) од 19 часот, во кафе барот „Филхармонија“ во Скопје ќе се одржи промоција на новиот роман на Наташа Сарџоска, „Живот без сведоци“.

Ова е втор роман на Сарџоска, по „Трамонтана“, кој во 2021 беше во конкуренција за Роман на годината. Промотор ќе биде професорката Маја Мухиќ, а книгата е во издание на „Три“.