БИТОЛСКА ПРОМОЦИЈА НА ПОЕЗИЈА ОД БРАНКО „ФОЛТИН“

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Бранко Николов, пејачот на „Фолтин“, објави книга поезија „Креветизам и хоризонтала“, која ќе биде промовирана вечерва во 20 часот во културниот центар „Магаза“ во Битола, во рамките на ликовната колонија „Де Ниро“.

Книгата под псевдонимот Пијан Славеј ја издаде „Прозарт“, кои најавувааат скопска промоција наесен. На изданието работеа и писателката Оливера Ќорвезироска и уметникот Миро Масин.

Од почетокот на идната недела, книгата ќе се продава во „Култура“, „Или-или“, „Матица“, „Антолог“, „Икона“, „Три“, www.knigadodoma.mk и www.kupikniga.mk.