Британскиот премиер Борис Џонсон денеска стана прв светски лидер кој објави дека имал позитивен тест на коронавирус.
Тој кажа дека се тестирал откако почувствувал благи симптоми во последните 24 часа, додавајќи дека ќе продолжи да ги извршува своите обврски додека е во самоизолација во својата резиденција во улицата Даунинг.
Неколку други светски лидери се имаат тестирано откако коронавирусот се појавил во нивна непосредна близина.
Ангела Меркел е во самоизолација откако лекар кој ја вакцинирал имал позитивен тест после два дена, исто како и канадскиот премиер Џастин Трудо, чија сопруга Софи е заразена со коронавирусот.
Тестовите на претседателите на САД, Бразил и Филипини биле негативни.