Британската уметница Дилејн ле Бас денеска од 20 часот ќе одржи перформанс и предавање во Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје. Разговорот ќе го води уметникот Никола Узуновски.
Перформансот се однесува на уметничката практика на Ле Бас, претставена преку проектот „Архивата на куќата“.
Дилејн ле Бас создава инсталации, перформанси, фотографии и филмови. Неколку нејзини дела се составен дел од веќе отворената изложба „Сѐ што ни е заедничко“ во МСУ.