„Ноќ пред Миланка“ е насловен настанот што ќе се одржи вечерва и утревечер во Младински културен центар (МКЦ), пред 90. издание на најпрестижните филмски награди Оскар, кои ќе бидат доделени в недела во Холивуд.
За денеска од 19 часот е најавена проекција на рускиот филм „Без љубов“, номиниран за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а од 21.30 часот е „Три билбори пред Ебинг, Мисури“, кој има седум номинации, при што е главен фаворит за најдобар филм.
Утре во 19 часот ќе се прикаже шведскиот филм „Квадратот“, исто така номиниран за најдобар странски филм, а од 21.30 часот игра „Величествениот шоумен“, кој има номинација за најдобра оригинална песна.
Билетите чинат по 150 денари, а се купуваат само на билетарницата на МКЦ.