ДЕЛАТА ОД 60. СТРУМИЧКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ЌЕ СЕ ИЗЛОЖАТ НА 11 СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ГРАДОТ

Струмица, (СМАРТ СДК.МК)

Делата од јубилејната 60. Меѓународна струмичка ликовна колонија, која заврши деновиве, ќе бидат изложени на 11 септември, кога се одбележува Денот на ослободувањето на Струмица.

Колонијата траеше десет дена, а учествуваа дваесетина уметници од Романија, Турција, Грција, Србија и Македонија. Создадени се нови 40-ина дела во различни ликовни дисциплини.

Во склоп на колонијата се одржа и 30. школа за современ мозаик.

Организатор на колонијата е Секторот за ликовно-галериска дејност при Центарот за култура „Антон Панов“.