ДЛУМ ОТВОРА НОВА ИЗЛОЖБА ПОСВЕТЕНА НА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска во 12 часот, во уметничкиот центар „Арт хаб“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе се отвори изложбата „Нови енергии“. Центарот се наоѓа на вториот спрат во ГТЦ во Скопје.

Изложбата е посветена на младата генерација членови на друштвото. Во последните три години, во ДЛУМ се зачленија повеќе нови уметници, штотуку дипломирани на Факултетот за ликовни уметности и на други уметнички факултети.

„Сметаме дека треба да им се даде шанса да ја прошират сцената на изложбените активности со свој иновативен пристап. Ќе ја помогнеме можноста на откривање нови таленти, сериозно посветени млади уметници, а оваа изложба ќе биде и нивна отскочна штица за остварување на слободата на изразот“, најавува ДЛУМ.

На изложбата, Ана Трајковска ќе ја прими наградата „Нови енергии“ за делото насловено „Vicarious“.