ДРАМСКИ ТЕАТАР СО „МОЈОТ МАЖ“ ГОСТУВА ВО ПОДГОРИЦА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Драмски театар денеска гостува во Подгорица со претставата „Мојот маж“, во рамките на црногорското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.

Во режија на Нела Витошевиќ, претставата „Мојот маж“ е колаж од расказите на Румена Бужаровска и авторски монолози. Драматург е Викторија Рангелова-Петровска, костимографка е Роза Трајчевска-Ристоска, сценограф Константин Трпеноски, а музиката е избор на Витошевиќ.

Во претставата играат Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Исмет Шабановиќ и Филип Трајковиќ.

„Во пресрет на ова гостување потсетуваме дека во рамките на фестивалот РУТА театарот гостуваше со ‘Мојот маж’ и на сцената на Местно гледалишче во Љубљана во 2022, каде што имаше извонреден прием“, велат од Драмски.

Премиерата на „Мојот маж“ беше во февруари 2020 и досега има 23 изведби.

(Фото: К. Галевски)