Драмски театар од Скопје гостува со претставата „Мојот маж“, во режија на Нела Витошевиќ, вечерва (2 декември) во Београдско драмско позориште. На текстот на Румена Бужаровска и авторските монолози, драматизацијата ја направија Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова-Петровска.
Во претставата играат Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ.
Гостувањето на Драмски театар во Белград е во рамките на фестивалот Рута, кој се одржува во неколку градови во регионот.
Со претставата „Мојот маж“ Драмски театар гостуваше и во Местно гледалишче во Љубљана минатата година, а оваа година беше изведена во Подгорица и на Бриони (Хрватска).