Дресот во кој Диего Армандо Марадона го постигна контроверзниот гол со рака се продаде на аукција за рекордни 7,1 милион фунти.

Бившиот англиски репрезентативец Стив Хоџ го даде дресот на продажба по речиси 36 години, откако го доби од Марадона по четвртфиналниот натпревар со Аргентина на Светското првенство во Мексико. По смртта на Марадона во 2020, Хоџ кажа дека нема да го продава дресот.

Аукциската куќа „Сотбис“ претходно процени дека синиот дрес ќе достигне цена меѓу четири и шест милиони фунти. Досегашниот рекорд го држеше дресот на бејзбол легендата Бејб Рут, кој во 2019 се продаде за 4,4 милиони фунти.

Покрај „божјата рака“, незаборавен е и вториот гол на Марадона на мечот, кога го помина речиси целиот англиски тим, пред да го совлада Питер Шилтон. Тој беше прогласен за гол на векот во анкета на ФИФА во 2002.

Во изминатите 20 години дресот беше изложен во Националниот фудбалски музеј на Англија во Манчестер.