ДВЕ НОВИ ЖРТВИ НА КОВИД-19 ВО МАКЕДОНИЈА, МЕЃУ ОЗДРАВЕНИТЕ И 85-ГОДИШНА ПРИЛЕПЧАНКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Уште две лица починаа од КОВИД-19 во Македонија, додека бројката оздравени и натаму ја надминува онаа на новозаразени.

  • Педесетгодишен скопјанец и 51-годишен прилепчанец се последните жртви на КОВИД-19 во земјата.
  • Вкупната бројка починати сега изнесува 73.
  • Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, од кои 21 бил позитивен (седум во Скопје, шест во Куманово, четири во Прилеп и по еден во Тетово, Пехчево, Делчево и Струга).
  • Досега се потврдени 1.442 случаи на коронавирус.
  • Оздравеле 627 лица, од кои 38 се нови.
  • Меѓу нив е и 85-годишна прилепчанка, која заедно со 85-годишен битолчанец се највозрасните пациенти во Македонија кои ја имаат победено болеста.
  • На светско ниво има речиси еден милион оздравени од досега заразените 3,17 милиони, додека речиси 220.000 лица починале.