ДВЕ ЗЛАТНИ АРЕНИ ВО ПУЛА ЗА ФИЛМОТ „ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ НА СТОЛЕВСКИ“

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Македонскиот фил  „Домаќинство за почетници” по сценарио и режија на Горан Столевски, освои две награди Зларна арена на филмскиот фестивал во Пула, кој започна на 11 јули, а се затвора денес, со прикажување на победничките филмови.

Филмот е во продукција на „Лист Продукција“.

„Домаќинство за почетници” беше дел од натпреварувачката програмата за малцински копродукции и ја освои Златната арена за најдобра хрватска малцинска копродукција, а хрватскиот актер Владимир Тинтор доби Златна арена за најдобра споредна машка улога за своето остварување во филмот.

„Домаќинство за почетници” е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а меѓу останатите финансиери е и Хрватскиот аудиовизуелен центар, чија поддршка е реализирана преку хрватски ко-продуцент Кинорама од Загреб.

Златните арени се деветта и десетта награда за награда за „Домаќинство“, кој досега е прикажан на повеќе од 70 фестивали ширум светот, а е дистрибуриан во кината во Америка, Австралија, Холандија, Хрватска, Полска и Македонија.

Светската премиера на “Домаќинство за почетници” се одржа во 2023 на филмскиот фестивал во Венеција, а македонската премиера беше на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмската камера, „Браќа Манаки“. Филмот беше избран за македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ за 2023 година, а беше дел и од селекцијата за Европските филмски награди, каде доби една номинација.

„Домаќинство за почетници“ ќе игра во Кинотеката на Македонија на 19 и 20 јули од 20:30 часот.