ФЕСТИВАЛОТ НА КОМЕДИЈАТА „ГОЛА МЕСЕЧИНА“ ГОДИНАВА САМО СО ДОМАШНИ ПРЕТСТАВИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од 28 септември до 3 октомври, во Општина Аеродром ќе се одржи фестивалот на комедијата „Гола месечина“. Поради актуелните околности, фестивалот е преместен на нова локација, на фудбалското игралиште покрај градинката „Сонце“ во населбата Реонски Центар.

„Фестивалот на комедијата годинава ќе биде од ревијален карактер. Ќе изостанат претставите од соседството и фокусот целосно ќе биде ставен на македонската продукција на комедии“, велат организаторите Општина Аеродром и Театар Комедија.

Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот.