ФЕСТИВАЛОТ ЗЛАТНА ЛИРА СЕ ЗАТВОРА СО КОНЦЕРТ НА ФАГОТИСТОТ ДАНИЕЛ АПОСТОЛОВ И ПИЈАНИСТОТ ДАРКО МАРИНКОВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Вечерва од 20 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје ќе се затвори фестивалот Златна лира со концерт на фаготистот Даниел Апостолов со пијано придружба на Дарко Маринковски. Влезот на концертот е слободен.
На настанот ќе се додели и наградата „Златна лира“ за животно дело, што ја доби пијанистката, публицистка и педагог Снежана Анастасова-Чадиковска.

Наградата „Златна лира“ за врвни уметнички достигнувања во изминатата година му се доделува на триото „Аура“, во состав Страшо Темков (флејта), Марјан Милошевски (фагот) и Ана Гацева (пијано). Ова трио има долгогодишна и богата концертна активност во и надвор од нашата земја и е чест гост се на реномирани меѓународни фестивали,

Снежана Анастасова-Чадиковска е прв изведувач во Македонија на значајни дела од Прокофјев, Шостакович и Барток. Воедно, изведува 45 дела од македонски композитори, од кои 10 се праизведби. Од 1972 работи како наставник по пијано во десетгодишното музичко училиште во Скопје. Добитничка е на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2021.

(Фото: Наградата за животно дело ја добива пијанистката Снежана Анастасова-Чадиковска)